Пеколни први 30 минути на „Сан Сиро“: Милан од четврта до прв триумф во Серија А (ВИДЕО)
Натпреварот беше решен по првите половина час, во кој паднаа сите погодоци. Тео Ернандез уште во втората минута го најави крајниот епилог, за Габиа во 16. минута и Пулишиќ во 25. минута од пенал да ја потврдат доминацијата на „росонерите“. Точка на средбата стави Абрахам четири минути подоцна исто така со удар од белата точка.
Составот од Милано досега имаше две нерешени средби и еден пораз, поради што новиот тренер Паоло Фонесе веќе почна да го чувствува притисокот и тоа не само од навивачите туку и од управата, поточно од спортскиот директор Златан Ибрахимовиќ. Овој триумф и начинот на кој дојде до него на португалскиот стратег ќе му донесе мир и же ја подобри атмосферата пред воведниот меч од Лигата на шампионите, закажан за во вторник на домашен терен против Ливерпул.