Реал Мадрид доби два пенали за да го среди незгодниот тим од Сан Себастијан (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид дојдоа до третата победа во петтиот меч сезонава во Ла Лига и тоа на гостувањето кај секогаш незгодниот тим на Реал Сосиедад (2-0).

„Кралевите“ се мачеа во првото полувреме, додека во второто добија два пенали со кои го решија победникот. Првиот го реализира Винисиус јуниор во 58. минута по игра со рака на еден од домашнит фудбалери, додека вториот беше направен врз него, па улогата на реализатор ја презеде Килијан Мбапе, кој беше прецизен во 75. минута.

Ова беше одлично загревање за тимот на Карло Анчелоти пред стартот на Лигата на шампионите и првиот дуел во вторник на домашен терен против Штутгарт.