Пелистер меѓу две средби од ЛШ за едно полувреме ја демолира Струга!
Битолчани одмораа дел од носителите на играта (Хосни, Пешевски), што делумно беше причина гостите на стартот од второто полувреме да дојдат и на само минус еден (15-16). Тоа како да ги налути зелено-белите, кои од тој момент направија серија 11-1 и обезбедија двоцифрено водство за мирен финиш.
Нејц Цехте и Павле Атанасијевиќ со по седум погодоци беа најефикасни во домашниот тим, додека Самоил Ристевски и Урош Борзаш постигнаа по еден помалку. Мијушковиќ со пет голови беше најпрецизен кај стружани.
За Пелистер ова беше последна проверка пред првиот меч на домашен терен во ЛШ оваа сезона, закажан за в среда (18 септември) против Фуксе Берлин.