Борнмут доминираше, ама Санчез и Нкунку го спасија Челси (ВИДЕО)

Фудбалерите на Борнмут долго ќе жалат за пропуштената шанса да го совладаат фаворизираниот Челси, со оглед на доминацијата во две третини од натпреварот, но на крајот наместо со насмевка теренот го напуштија со наведнати глави поради поразот со 0-1.

Домашните ги неутрализираа „сините“ од Лондон и испратија далеку повеќе удари кон противничкиот гол, но не беа доволно умешни и прецизни во завршницата од акциите. Згора на тоа, Борнмут не реализираше пенал пред крајот на првиот дел, што се покажа како клучен момент на натпреварот, особено поради тоа што Челси притисна и постигна гол во самиот финиш.

Санчес му го одбрани пеналот на Еванилсон во 38. минута, по што домашните фудбалери имаа уште неколку добри шанси, но прецизен во голгетерска смисла на зборот беше само Нкунку. Напаѓачот на Челси покажа класа и извади максимум од не толку опасна ситуација во шеснаесетникот, а неговата снаодливост беше доволна за гол во 86. минута за три бода за лондонци.