Баерн Минхен е безмилосен - „шестка“ за Кил, хет-трик за Кејн (ВИДЕО)
Баварците прашањето околу победникот го решија по првите седум минути, во кои погодија Мисала односно Хари Кејн, додека до крајот на првото полувреме прво Ремберг си ја затресе сопствената мрежа, па англискиот репрезентативец го постигна својот втор погодок. Олисе во 65. минута зголеми на 5-0 додека конечниот резултат го постави Кејн во судиското надополнување од пенал за хет-трик на оваа средба, откако домашните претходно го реализираа почесниот гол преку Гиговиќ во 82. минута.
Баерн Минхен остануваат единствен непоразен тим во Бундеслигата, додека Кил и по три меча сѐ уште е без ниту еден прволигашки бод.