Тиквеш ќе брка незгодни минус четири ако сака да продолжи да игра во Европа!
Грците клучната предност ја остварија во второто полувреме, со оглед што по првите 30 минути македонските ракометари имаа само минус еден (13-14). Играта на кавадарчани како да се распадна, па тие без се најдоа во негатива од седум гола (20-27), која до крајот ја намалија за да останат со шанси да го минат незгодниот ривал.
Манасков со пет гола и Мијатовиќ и Кофилоски со по четири погодоци беа најпрецизни кај Тиквеш, додека Критикос и Пападопулос со по седум гола беа најефикасни кај Драма.
Реваншот се игра на 22 септември во Кавадарци.