Магдебург прв фаворит, Вардар со само 0,07% шанси за титулата во ЛШ (ФОТО)
Според некои проценки, Вардар има само 0,07 отсто веројатност да стане европски шампион во актуелната сезона. Македонскиот претставник се наоѓа во друштво на уште неколку клубови кои, според истата анализа, имаат минимални шанси за трофејот.
На листата се Колстад, Порто, Партизан, Целје, Загреб, Вардар и Бидасоа, а сите се претставени како тимови со исклучително мала веројатност да стигнат до европската круна. Иако бројката од 0,07 отсто звучи сурово, станува збор за статистичка проценка, а не за конечна прогноза. Вардар веќе има богата историја во елитното европско натпреварување, со две освоени титули во Лигата на шампионите – во 2017 и 2019 година.
На „црвено-црните“ останува на теренот да покажат дека статистиката не секогаш ја кажува целата приказна. Прв фаворит за титулата во Лигата на шампионите е германскиот првак Магдебург.