Кошаркарот кој го даде бубрегот за Србија го одигра првиот меч по пауза од една година!
Крилниот центар на паркетот мина 18 минути и постигна осум поени, четири скока, две украдени топки и една асистенција.
За Симаниќ ова беше прва средба откако на ланското Светското првенство во Манила заработи тешка повреда во дресот на Србија, кога остана без бубрегот по ударот што го доби од Нуни Омот, репрезентативец на Јужен Судан и поранешен кошаркар на МЗТ Скопје.