Eнди Керол потпиша за гигантот кој беше исфрлен во четврта лига
Нов фудбалер на Бордо е англискиот ветеран Енди Керол. Во редовите на поранешниот шампион на Франција Керол пристигнува како слободен фудбалер откако претходно го раскина договорот со второлигашот Амиен за кој во минатата сезона постигна четири гола на 31 натпревари.
Своевремено англискиот напаѓач важеше за еден од најдобрите напаѓачи во светот, а најдобрата форма ја имаше во периодот додека го носеше дресот за Њукасл, па Ливерпул за него во 2011 година плати 41 милион евра, но по тој трансфер започна падот во неговата форма.
Во кариерата настапуваше уште за Престон, Вест Хем, Рединг и ВБА.