Хрват ќе ја води Рома по заминувањето на Де Роси?
Наводно, веќе е познато и главниот фаворит за нов тренер на „волчицата“. Првично се шпекулираше со Масимилијано Алегри и Стефано Пиоли, но сега најголем дел од новинарите и медиумите пренесуваат дека Иван Јуриќ е првиот фаворит.
Според информациите хрватскиот стратег е блиску до потпис на договор до јуни 2025 година, а во договорот би имало опција за автоматско продолжување со пласман во Лигата на шампионите.
Јуриќ е без ангажман од текот на летото кога одлучи да го напушти Торино. Претходно ги водеше Верона и Џенова.