Фудбалерите до 15 години ја победија и Андора на турнирот во Молдавија
Избраниците на селекторот Иљами Исени беа подобри од селекцијата на Андора со 3-0.
Македонија од почетокот била подобар противник и притискала, па на крајот и заслужено стигнала до победата. Предноста во првите 45 минути за Македонија ја обезбеди Петар Васоски со голот во 14. минута.
Во второто полувреме стрелаа Адриан Велески и Стефан Ристиќ за конечни 3:0. Претходно во првото коло бевме подобри од Ерменија со 2-1.
Последното коло ќе го донесе уште еден натпревар за Македонија во кој ќе играме против домаќинот Молдавија.