Шахтјор во првото коло од ЛШ ќе игра со посебни дресови (ВИДЕО)
Шахтјор објави дека фудбалерите на теренот ќе истрчаат во дресови кои ќе бидат во боите на украинското знаме.
„Горди сме што сме Украинци“, објави Шахтјор.
Дресовите ќе бидат со сино-жолти риги, а шорцевите сини. Вообиачено украинскиот клуб носи портокалови дресови во домашните натпревари и црни на гостински терен.
Поради војната во Украина, Шахтјор своите натпревари сезонава во ЛШ ги игра во Гелзенкирхен на стадионот на Шалке.
Натпреварот помеѓу Болоња и Шахтјор е во терминот од 18:45 часот.