Лук Шо: Уништен сум, ова е мојот најтежок период! (ФОТО)
Лук Шо мака мачи со повреди во текот на кариерата. Се очекуваше негово враќање на теренот, но тоа е одложено поради нова повреда, ќе треба да отсуствува уште неколку недели.
Тој е фрустриран, а лошата информација ја сподели на социјалните мрежи.
„Здраво момци, боли што треба да го напишам ова бидејќи навистина мислев дека ги надминав последните проблеми и бев на позитивен пат одејќи напред, но за жал имам се случи нов мал проблем. Поминав многу, имав многу подеми и падови, но ова дефинитивно е мојот најтежок период. Апсолутно сум уништен и ми е екстремно тешко да се помирам со реалноста во овој момент“, вели Шо.
„Разбирам дека ќе има луѓе кои се фрустрирани, лути, разочарани и го разбирам сето тоа. Но никој повеќе не го чувствува тоа од мене во овој момент. Можам да ветам дека ќе направам се за да можам да се вратам побрзо и да му помогнам на клубот да ги оствари амбициите оваа сезона. Ви благодарам на сите за поддршката. Навистина го ценам тоа“.