Луда сцена во Германија, голманот на Бохум се степа со навивач! (ВИДЕО)

Голманот на Бохум, Мануел Риман влезе во физичка пресметка со незадоволен навивач откако загубија од Штутгарт на свој терен.
 

Бохум е прв над зоната за испаѓање, а денеска загуби на свој терен од Штутгарт со 3-2. Тие им се директен конкурент во битката за опстанок и се наоѓаат веднаш под нив.

Меѓу дел од навивачите на Бохум постоеше толку големо незадоволство од резултатот, што очигледно силно го испровоцирале голманот Мануел Риман кој тргна да се тепа со нив.

Римен се качи на трибините и влезе во жестока расправија со навивачот, имаше и физички дуел. Соиграчот Кевен Шлотербек и техничкиот директор Марк Летау се обидоа да ја спасат ситуацијата, реагираа и другите навивачи и обезбедувањето за да не биде уште поголем инцидентот.