Лоши вести од Италија: Генералниот менаџер на Фиорентина се бори за живот

Генералниот менаџер на Фиорентина, Џо Бароне се наоѓа на апарати за одржување во живот поради застојот на работата на неговото срце.

Нему му се слоши вчера во хоте, непосредно пред мечот на Фиорентина со Аталанта поради што натпреварот е одложен. Во меѓувреме, состојбата му се влошила и докторите во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано се борат да го одржат во живот.

Во текот на денешниот ден, во посета на Бароне биле тренерот на Фиорентина, Винченцо Италијано, заедно со неколку фудбалери од тимот. Таму се собраа дури и навивачи на тимот од Фиренца кои истакнаа неколку пароли со поддршка за Бароне.