Ливерпул пред нов пораз - има два гола негатива на „Итихад“ (ВИДЕО)

Манчестер сити води со 2-0 против Ливерпул во 11. коло од Премиер лигата, откако во првото полувреме стрелаа Ерлинг Халанд и Нико.

Првата голема шанса ја имаше Халанд од пенал во 13. минута, но голманот на Ливерпул успешно му го одбрани ударот.

Халанд, сепак, ја поправи својата грешка во 29. минута кога погоди за 1-0, а потоа Нико во судиското надополнување на првиот дел стрелаше за 2-0.