Ливерпул најде засилување: Клоп враќа голема ѕвезда на „Енфилд“!?

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп сака две засилувања месецов, а едно од нив би можело да биде враќањето на Филипе Кутињо од Барселона.

„Црвените“ имаат проблеми во одбраната, откако се повреди Дејан Ловрен во ФА-купот, па поради тоа Клоп сака да го ангажира Џејмс Тарковски од Барнли за 50 милиони евра.

Но, освен него, Германецот планира да го врати и Кутињо на „Енфилд“, откако ѕвездата не се прилагоди многу добро во Барселона и не добива преголема минутажа.

Англиските медиуми претходно шпекулираа дека Манчестер јунајтед е на чекор до потписот на Бразилецот, но сега Клоп сака да им ги расипе плановите.