Лион нема да плати ниту едно евро за Ендрик, но само под еден услов!

Бразилскиот фудбалер Ендрик во следните шест месеци ќе биде на позајмица во Лион, откако си замина од Реал Мадрид со надеж дека ќе добие поголема минутажа кај седумкратниот француски шампион.

Договорот кој го постигнале Лион и Реал привлече големо внимание, затоа што францускиот тим би можел на крајот да не плати ниту евро за позајмицата на Ендрик, но само под еден услов.

За секои пет натпревари во кои Ендрик ќе биде стартер, Лион ќе плати 200.000 евра помалку за позајмицата, а со оглед на тоа дека целата сума изнесува милион евра, Бразилецот ќе треба да одигра 25 меча за францускиот тим.

„Кралевите“ се свесни за оваа опција во договорот, но не зачудува затоа што тие го испратија Ендрик во Лион за да добие минутажа и да се развие бидејќи го гледаат како еден од фудбалерите кои треба да бидат предводници на Реал Мадрид.

Фото: X/Olympique Lyonnais