Лидс го освои „Гудисон парк“: Алиоски одигра фантастични 90 минути (ВИДЕО)

Единствена маана на овој натпревар беше фактот што беше постигнат само еден гол. Двете екипи играа офанзивно, отворено и со огромна желба за надигрување. Голманите имаа свои блескави моменти, а шанси имаше на двете страни. Според статистиката на овој натпревар имаше фантастични 38 шутеви. 

Евертон постигна два гола, но беа поништени од ВАР, но и Лидс имаше еден поништен гол во второто полувреме.

Стрелец на единствениот гол беше Рафиња во 79-тата минута, кога биеше од далечина ниско по земја, а тоа беше недофатливо за Џордан Пикфорд.

Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски го одигра целиот натпревар за гостите и беше еден од најдобрите на теренот.