Леванте и Барди двапати имаа водство, но на крајот загубија од Валенсија (ВИДЕО)

Леванте вечерва има зошто да жали бидејќи загуби против Валенсија со 2-4, иако двапати го имаше водството во натпреварот.

Моралес во првата минута погоди за 1-0 за Леванте, но 11 минути подоцна Габриел израмни на 1-1. Во финишот од првиот дел беа забележани уште два гола, кога најпрво Моралес зголеми на 2-1 за гостите, по што Гомез израмни на 2-2.

Во вториот дел Валенсија притисна кон голот на Леванте, па постигна погодок за пресврт преку Валјехо во 75. минута, по што нивниот триумф го потврди истиот фудбалер во 94. минута.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди одигра 76 минути од натпреварот.