Левандовски ѝ донесе нови три бода на Барселона (ВИДЕО)

По две одиграни кола во новата сезона, Барселона има максимален ефект со две идентични победи, од 2-1.

Откако минатиот викенд славеше на гости кај Валенсија, каталонскиот тим вечерва го совлада Атлетик Билбао. Херој на Барса повторно беше Роберт Левандовски кој го постигна победничкиот гол во 73. минута и по две одиграни кола има три погодока на своето конто.

Претходно, резултатот го отвори Ламин Јамал во 24. минута со прекрасен удар од далечина, а израмни Санцет во 42. минута од пенал. Атлетик имаше свои шанси во вториот дел, но Барса не дозволи да загуби бодови на домашен терен. 

Тимот на Ханси Флик ќе се обиде да ја продолжи победничката серија во третото коло во кое гостува кај Рајо Ваљекано, додека Атлетик против Валенсија на домашен терен ќе го брка првиот триумф во сезоната.