Левандовски го „нокаутира“ Алавес за нова радост на Барселона

Барселона славеше против Алавес со 1-0 во 22. коло од шпанската Ла Лига, па така му се доближи на лидерот Реал Мадрид на четири бодови негатива.

Првото полувреме го одбележа тешкиот судир со глави на Гави и Конечни, кои го напуштија теренот, додека првиот гол беше постигнат по еден час игра.

Роберт Левандовски го запиша единствениот погодок на мечот во 61. минута од средбата и донесе три бодови за каталонскиот гигант.

Каталонската екипа се наоѓа на третото место со 45 бодови, односно четири помалку од лидерот Реал Мадрид.