Лапорта: Реал Мадрид игра валкано, а победува само со помош на судиите!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, потенцира дека најголемиот ривал на неговиот клуб, Реал Мадрид, играл премногу валкано додека против нив се водел судскиот процес за обвинението дека плаќале делители на правдата.

Овој случај крена голема прашина во Шпанија, со оглед што каталонскиот гигант се соочи со многу сериозни обвиненија. Челниците на клубот се најдоа на удар, но судот одлучи дека Лапорта и неговиот тим немаат никаква вина во овој случај. Претседателот на Барса тврди дека токму „кралевите“ имале вмешано прсти во целиот случај.

„Реал Мадрид играше валкано против нас, пред се со извештаите против судиите на нивната телевизија. Така го променија она што навистина се случуваше во нивна полза. Вистината е дека тие се фаворизирани кај судиите. Никој не може да докаже дека ги купивме судиите зашто не го ни направивме тоа. Оваа кампања имаше за цел да го уништи нашиот углед, бевме осудени уште пред да започне судењето. За среќа, нашите спонзори не паднаа на оваа измама“, изјави Лапорта.

Тој го коментираше и ангажирањето на Мбапе од страна на европскиот шампион, потенцирајќи дека овој трансфер дополнително му ја зголемил вербата во философијата на Барса за создавање таленти во Ла Масија.