Лам најави уште еден кандидат за тренерското столче во Баерн Минхен

Баерн Минхен е во потрага по нов тренер, откако соопшти дека ќе се раздели со Томас Тухел на крајот на сезоната, а поранешниот капитен на екипата Филип Лам најави ново име кое има шанси да го преземе бундеслигашот.

Додека се шпекулираше за Ралф Рангник, Лам кажа дека бившиот фудбалер на Баерн, Мартин Демикелис би можел да седне на кормилото на екипата.

„Дали е вистински тренер за Баерн? Ќе видиме кога ќе му биде дадена улогата. Демикелис беше одличен фудбалер за Баерн, а исто така неговиот развој како тренер е одличен. Предност е тоа што играше во Бундеслигата“, кажа Лам.