Лајпциг го совлада Хајденхајм се врати во топ-4 во Бундеслигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лајпциг вечерва беа подобри од Хајденхајм со 2-1 и се вратија на четвртата позиција во Бундеслигата.

Опенда од пенал во 29. минута донесе водство за „биковите“, додека Поулсен зголеми на 2-0 пред истекот на регуларните 45 минути. Хајденхајм го постигна единствениот гол во 47. минута.

Лајпциг по 13 одиграни кола е на четвртата позиција со 26 бодови, односно осум помалку од лидерот Баер Леверкузен.

Останати резултати:

Борусија Менхенгладбах – Хофенхајм 2-1
Бохум – Волфсбург 3-1