Ла Лига ќе загуби неверојатни 600 милиони евра ако не заврши сезоната

Иако оптимистички најави постојат дека фудбалот во елитните лиги, меѓу кои и шпанската Ла Лига ќе продолжат на почетокот на мај, сепак не така добри прогнози има од низа стручњаци, кои сметаат дека пандемијата со коронавирусот нема преку ноќ да заврши, туку дири и предвидуваат дека фудбал пред септември нема да се игра.

Засега никој ниту прецизно, ниту приближно точно може да предвиди како ќе продолжи сезоната, иако првично Ла Лига, Бундеслигата, Премиерлигата и Лига 1 најавија дека се откажуваат сите активности до 3 април. Но, галопирашкиот раст на заразени сега практично ги доведуваат во проблем сите клубови и лиги за практично да размислуваат за откажување на сезоната.

Шпанија во моментов има сериозен проблем со зголемувањето на бројот на заразени, вклучен е алармот, а во фудбалот сите се свесни дека допрва ќе следуваат проблемите.

„Тешко е да се процени каква штета (ќе) направи коронавирусот, ама може да се пресмета преку основните бројки дека ако сезоната се прекине, лигата ќе загуби 550 милиони евра од ТВ-правата, а плус тука се околу 150 милиони евра од продажбата на влезници. Сите гледате дека сè е одложено и дека никој не знае отсега што ќе биде за еден ипол месец. Никој не знае ништо, ниту може да се предвиди нешто. Патем проблем е Лигата на шампиони и Лига Европа, па тука се европските квалификациски мечеви во двете клупски натпреварувања. За Евро 2020 не треба ни да се мисли, кога имате толку проблеми сега наталожени“, вели Хумеа Роурес, еден од главните раководни луѓе на „Медијапро“, која е задолжена за ТВ-правата во Ла Лига.