Крос донесе одлука за иднината на Реал Мадрид

Новинарот Фабрицио Романо објави дека фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос донел одлука да остане во шпанскиот гигант уште една сезона.

Крос решил да потпише едногодишна соработка со „кралевите“, а засега не е познато дали тоа ќе биде негова последна сезона во кариерата затоа што претходно изјави дека сака да стави крај токму во Реал Мадрид.

Германецот пристигна во Мадрид пред 10 години, а со „кралевите“ освои четири титули во Лигата на шампиони (ЛШ) и три во Ла Лига.