Крај на победничката серија: Реал Мадрид без муниција против Рајо!
„Кралевите“ беа подобар противник во првото полувреме и се закануваа кон голот на Рајо, но не искористија ниту една од шансите. И домаќинот имаше можности за погодок, но не беа доволно конкретни во нападот.
Реал во вториот дел ја презема контролата врз играта и притисна кон голот на Рајо, но повторно домаќинот успешно се бранеше од нивните напади и одигра 0-0.
На првата позиција по 12 одиграни кола останува Реал со 31 бод, односно пет повеќе од Барселона.
Фото: Real Madrid C.F.