Крај на магичната серија: По 35 натпревари без пораз, Баер загуби во Бундеслигата (ВИДЕО)

Екипата на Лајпциг стави крај на неверојатната серија без пораз на Баер Леверкузен која траеше 15 месеци или вкупно 35 натпревари.

Лајпциг славеше како гостин кај „фармацевтите“ со 3-2 по голем пресврт откако Баер водеше со 2-0 на овој меч. Од 39. до 45. минута, Фримпонг и Грималдо ги донесоа домаќините до висока предност, имаа шанса да дојдат и до трет гол, не ги искористија, а потоа стигна казната.

Во седмата минута од судиското продолжение во првото полувреме Кампл намали на 1-2 за потоа Опенда со два гола во второто полугвреме да го комплетира пресвртот. Со тоа, Лајпциг на Баер му го нанесе првиот пораз по 462 дена, односно по 27 мај 2023 година кога во последното коло од сезоната 2022/23 загуби од Бохум со 0-3. Ланската кампања беше историска бидејќи Баер ја заврши со шампионска титула и без пораз, но во оваа загуби веќе во првиот натпревар на домашен терен.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас немаше придонес во победата бидејќи целиот натпревар го помина на клупата за резервни играчи.