Ковид-19 не го заобиколи ниту римскиот фудбалски принц - Франческо Тоти

Поранешниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти е позитивен на Ковид-19. Легендарниот капитен на „волчицата“ имал симптоми, па решил да се тестира. 

Резултатите покажале дека има коронавирус, но дека симптомите траеле кратко. Имал покачена телесна температура, но „Скај Италија“ јавува дека Тоти веќе добро се опоравува и неговата здравствена состојба е нормализирана.

Тој ќе остане во домашна изолација додека не добие два негативни теста на вирусот.