Коронавирусот спречил спектакуларен трансфер – Роналдо во ПСЖ?!

Најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо, кој ја одбрани титулата со Јувентус и најави дека во новата сезона ќе атакува на трето „скудето“ по ред, за малку ќе заминел од Торино и тоа во франскиски Пари Сен Жермен, шпекулираат англиски медиуми.

Наводно, како што пишуваат медиумите на Островот, Роналдо бил несреќен во Јувентус во својата втора сезона и сакал да си замине летово од Торино, но после глобалната пандемија со коронавирус и освоената титула во Италија, буквално се предомислил, па затоа завчера објавил останување во таборот на „старата дама“.

Роналдо сакал да игра со Нејмар и Килијан Мбапе во тандем и таа желба била многу реална да се оствари, зашто богатите Катарци на чело на парижаните воопшто немале да штедат на пари за да го донесат, знаејќи колкав ефект и финансиски, а и на маркетинг план ќе имале од Португалецот. Капак за заминувањето била лошата форма на „старата дама“ и фрустрираноста на Роналдо дека можеби Јувентус нема капацитет за европски успех, а и во Серија А ривалите без во изедначена трка за да ја прекинат доминацијата на најтрофејниот калчолигаш. И сето тоа кулминирало кон крајот на ноември кога торинскиот великан едвај ја победил Локомотив Москва во ЛШ, а Арон Ремзи тогаш му „украде“ гол што посебно го изнервирало.

Но, ударот на ковид-19 кој направи комплетен хаос во светот, практично спречил такво нешто, но Јувентус без оглед што и сезоната ја доигра во стил топло-ладно, сепак стигна до титулата, а поместувањето на сезоната во ЛШ, практично го премислило од намерата која ја имал на крајот на ланската година.

Роналдо сега ќе го предводи Јуве против Лион во обид да се надокнади голот негатива од првиот меч за да се обезбеди фајнлејт-турнир во Лисабон и шанса да се стигне до финалето и борбата за европската круна, која во Торино ја чекаат многу одамна – од 1996 година!