Конте ги малтретира ѕвездите на Интер - тренираа во незвозможни услови (ВИДЕО)

Интер се подготвуваат во полн интензитет за мечот против Сасуоло, кој се игра во недела, а тренерот Антонио Конте немаше милост за неговите фудбалери.

Во центар на внимание е вчерашниот тренинг на „нераѕурите“, кој беше одржан на невозможни услови. Додека беснееше големо невреме и силен дожд, Конте не дозволи да се прекине тренингот.

Искусниот стратег јасно им порачал на фудаблерите дека тренингот нема да се прекине и покрај тоа што беше речиси невозможно да се тренира.

На фудбалерите тоа не им се допадна, а посебно тоа се однесува на Ромелу Лукаку, кој делуваше ептен незаинтересирано.