Комо останува хит во Италија и атакува на Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Екипата на Комо ја забележа третата победа по ред во Серија А откако славеше на гостувањето против Каљари со 2-1.

Екипата на Цеск Фабрегас поведе во 14. минута, кога Мартин Батурина ги искористи несмасните реакции на Алберто Досена да ја исчисти топката и успеа да постигне гол. Домаќините израмнија во 56. минута, кога Себастијано Еспозито беше прецизен со удар со глава на асистенција на Адам Оберт. Ова доведе до притисок од гостите, што резултираше во 76. минута кога капитенот Лука Да Куња го постигна победничкиот гол со одличен удар од далечина. Во преостанатото време, домаќините се обидоа да го избегнат поразот, но не успеаја повторно да израмнат.

Петтопласираниот Комо продолжува да сонува за своето деби во Лигата на шампионите бидејќи сега 51 бод и е израмнет со четвртопласираната Рома која има меч помалку.