Реал откри колку пари има на сметка: Не се за верување!
Шпанскиот портал „Воз Попули“ објавува дека Реал Мадрид во овој момент на клупската сметка има само 3,4 милиони евра. Тоа е нависина неверојано, но ти објаснуваат зошто е тоа така.
„Реал адрид во овој момент има проблеми со готовина. Клубот на почетокот од јануарскиот преоден рок мал само 3,4 мииони евра во кеш. Пред шест месеци тој износ беше 175,8 милиони евра. Но, сето тоа е отрошено на засилвањата кои дојдоа на Сантијаго Бернабеу“, пишува медиумот.
Ова значи дека Реал Мадрид ќе мора да направи и некои продажби на лето за да ја наполни касата. Веќе се зборува за одредени промени во тимот, играчи кои треба да заминат и кои треба да дојдат.
Касата е празна и поради инвестициите за реконструкција на Бернабеу во последните години.
Сепак, експертите тврдат дека тоа што Реал Мадрид има само 3,4 милиони евра на сметка, не е знак за опсасност. Кубот заработува огромни пари преку ТВ права спонзорски договори, маркетинг и продажба на дресови, па се очекува касата да се надополни релативно брзо.