Сосиедад не можеше да израмни и третпат, победа за Атлетико Мадрид! (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид со 3-2 го победи Реал Сосиедад во интересен меч во кој гостите двапати го израмнуваа резултатот, но не успеаа да избегнат пораз.

Мечот од самиот стар тргна возбудливо, во петтата минута Сорлот донесе водство за Атлетико Мадрид, но само четири минути подоцна Солер изедначи на 1-1.

Во 67. минута гол на Нико Гонзалез за ново водство на Атлетико Мадрид, овојпат од 2-1. Но, во следниот напад Сосиедад пак изедначи, беше 2-2.

Течеше 81. минута кога Гонзалез постигна втор гол за водство на Атлетико Мадрид од 3-2, овојпат Сосиедад не успеа да израмни. Трите бода одат на контото на тимот на Симеоне.