Охрид ја понижи победа - ѝ даде десет гола!

Денешните натпревари од 19. коло во Втората фудбалска лига не донесоа изненадувања и во нив фаворитите славеа очекувани победи.

Најубедлив беше Охрид кој буквално ја понижи Победа која се наоѓа во тешка ситуација со 10-0. За Охрид овој триумф доаѓа по изненадувачкиот пораз на домашен терен од Осогово во минатото коло. Прилепчани од друга страна го запишаа петтиот пораз во низа.

Победа денеска славеше и Скопје кој на свој терен го доби Осогово со 2-0 и ја прескокна Шкендија Арачиново на втората позиција, сепак Шкендија е со натпревар помалку и утре ќе биде голем фаворит во дуелот со Големо Коњари.

Брегалница која е четврта исто така славеше победа и тоа на гости кај Новаци со 3-1.

РЕЗУЛТАТИ 19. КОЛО ВМФЛ

Детонит Плачковица – Беласица 0-1

Скопје – Осогово 2-0

Каменица Саса – Вардар Неготино 1-0

Новаци – Брегалница 1-3

Охрид – Победа 10-0

Преспа – Кожуф 1-3

Слога Виница – Тетекс 0-3