Меси си направи проблем, доби жестоки критики поради потег кај Трамп (ВИДЕО)

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, се најде на удар на критики откако заедно со тимот на Интер Мајами ја посети Белата куќа.

Аргентинската суперѕвезда и неговите соиграчи во четвртокот добија пофалби од американскиот претседател Доналд Трамп, но средбата со него и аплаузот за неговиот говор за војната во Иран предизвикаа лавина негативни реакции во јавноста.

Настанот доби политичка димензија кога Трамп во еден момент почна да зборува за американските и израелските воени напади врз Иран, во кои досега според извештаите загинаа 1.230 луѓе.

„Армијата на САД, заедно со нашите прекрасни израелски партнери, продолжува целосно да го уништува непријателот на нивоа какви што луѓето никогаш досега не виделе“, изјави Трамп додека Меси стоеше покрај него.

Претседателот говорот го заврши со зборовите:

„Нашите луѓе работат одлична работа, повторно, ова е најголемата војска што некој некогаш ја имал.“

По тојј говор следувал аплаузот поради кој Меси и неговите соиграчи се критикувани затоа што на тој начин според критичарите ја дале својата поддршка во нападите.