Eзе со еврогол го одведе Арсенал во четвртфиналето од ФА-купот (ВИДЕО)
Стрелци за Арсенал беа Нони Мадјуке и Еберечи Езе, а покрај победата интересно е што избраниците на Артета со овој триумф станаа и првиот англиски тим сезонава кој во сите натпреварувања стигнал до бројката од 100 гола.
Домаќините имаа храброст да нападнат и создадоа свои шанси, но Арсенал поведе кон крајот на првиот дел. Во 41. минута Мадуеке стрелаше и се погрижи за водство на Арсенал.
Сепак, Мансфилд не се предаде и преку Еванс на стартот од вториот дел дојде до израмнување. Победата за Арсенал ја обезбеди Езе со еден прекрасен гол со удар од работ на шеснаесетникот по нешто повеќе од еден час игра.
Livescore FA Cup
— Pecandu FPL 🇮🇩 💧 (@PecanduFPL) March 7, 2026
Goal : Eze
Assist : Norgaard
Mansfield Town 1-2 Arsenal (66')#facup
____ pic.twitter.com/cFbwQHn6Fc