ТФТ лесно се справи со Ангели и продолжи да реди победи
Гостите првите три четвртини ги одиграа речиси идентично и во нив постигнаа по 25 поени, а домаќините никако не успеваа да го следат тоа темпо, најблиску беа во втората во која дојдоа до 23 поени. Останатите две ги завршија со 17 и 10.
На полувремето предноста на фаворитот беше десет поени (50-40) за по враќањето од одморот целосно да го скршат отпорот на домашниот состав.
Најдобар на паркетот беше Виктор Ташовски кој средбата ја заврши со 23 поени, додека кај Ангели се истакна Денг Ренг со 18.