Македонија за првпат ќе има натпреварувачка на СП во спуст и супервелеслалом!

Македонската 19-годишна скијачка Ева Милевска ќе испише историја како прва наша претставничка со настап во супст и супервелеслалом на Светското јуниорско првенство во алпско скијање.

Милевска ќе настапи на првенството во Норвешка и ќе се натпреварува против најдобрите млади скијачки во светот на најзина возраст.

„Брзите дисциплини се најпредизвикувачките во алпското скијање - со долги и технички тешки патеки, скокови, компресии и брзини над 100 km/h. Со овој настап, Ева не само што се натпреварува со светската елита, туку испишува нова страница во историјата на македонското скијање“, порачуваат од Скијачката федерација на Македонија.