Нарушена идилата во Баерн - против Аталанта без Кејн и Нојер!?

Германскиот шампион Баерн делува како машина оваа сезона, блиску е до шампионската титула во Бундеслигата, а добро чекори и во Лигата на шампионите.

Сепак, идилата во баварскиот клуб е делумно нарушена со повредата на Хари Кејн, а вчера и со Мануел Нојер. Ветеранот голман не го дочека крајот на мечот против Менхенгладбах бидејќи на полувреме остана во соблекувална поради повреда на листот.

Последните информации велат дека двајцата нема да играат против Аталанта во Лигата на шампионите што би било голем хендикеп за тимот на Баерн.