Алкалоид без мака се пласираше на завршниот турнир од Купот на Македонија!

Ракометарите на Алкалоид рутински го добија финалето од Групата Б во Купот на Македонија откако го совладаа Пролет со убедливи 34-18.

Момците на Кире Лазаров максимално сериозно си ја сфатија работата и лесно го совладаа Пролет.

Најдобар во составот на Алкалоид беше Дамјан Митев со осум голови, Никола Костески постигна шест, кај Пролет Давор Палевски постигна пет погодоци.

Покрај Алкалоид, претходно на завршниот куп турнир се пласираа Пелистер и Вардар, последниот патник ќе се дознае утре, а огромен фаворит е Охрид.