Вардар лесно го среди и Пелистер 2 за пласман на завршниот куп турнир!

Неколку часа по триумфот над Бутел, Вардар во финалето од групата А во Купот на Македонија го победи Пелистер 2 со 27-22 и се пласираше на завршниот турнир.

Вардарци рутински си ја одработија и оваа задача, без многу форсирање го победија ривалот и ја остварија целта.

Најефикасен во составот на Вардар беше Урош Митровиќ со шест постигнати гола, по три дадоа Лазаревски, Атанасовски и Кавада. Кај вториот тим на Пелистер, Славков постигна девет гола.

Покрај Вардар, досега место на завршниот турнир обезбеди и првиот тим на Пелистер, а се очекува истото да го направат и Алкалоид и Охрид.