Клоп со 100 милиони евра ќе се обиде да го „украде“ Родриго од Реал Мадрид

Англиски Ливерпул и менаџерот Јирген Клоп подготвуваат бомбастично засилување на „Енфилд роуд“ до идното лето, зашто според последните информации веќе се спремни 100 милиони евра за да го украдат Бразилецот Родриго од Реал Мадрид.

Наводно, Клоп ептен се загреал за Родриго, кој е многу достапен за трансфер зашто договорот со „кралевите“ му истекува во јуни 2025 година и овој период од јануари до јуни идната година е најповолен за „црвените“ да тргнат во офанзива за да го убедат Флорентино Перез за продажба на својот фудбалер.

Клоп во Родриго гледа долгорочна замена за Мохамед Салах, кој можно е идното лето да замине сепак во Саудиска Арабија, после неверојатната понуда која ја доби летово и ја одби за да остане на „Енфилд роуд“.

Родриго за Реал има 171 меч и 38 гола, а за Бразил четири гола на 16 настапи.