Клоп постави нов рекорд со Ливерпул - „Енфилд“ не памети ваква доминација!

Откако на култниот стадион „Енфилд роуд“ дојде Јирген Клоп, англискиот великан Ливерпул се препороди, па стана европски првак, после 30 години ја освои премиерлигашката круна, а синоќа после триумфот против Лестер, оваа генерација се запиша во клупската историја и по непобедливоста на домашен терен.

Победата на четата на германскиот стратег беше 64-та по ред на својот стадион и со тоа напишан е нов рекорд, надминувајќи го досегашниот од 63 меча. Да не се загуби на домашен терен, некој би рекол дека е лесна работа, особено за гигант кој има врвни ѕвезди, ама во најтешката и најнепредвидлива лига да се направи ваква серија е повеќе од импресивно и доказ колку Клоп го перфекција го издигнал Ливерпул.