Класикото почна со спорен момент - имаше ли пенал за Реал Мадрид!? (ВИДЕО)

Во втората минута на Ел Класико дуелот меѓу Реал Мадрид и Барселона беше досуден пенал за домаќините, но потоа судијата со помош на ВАР ја промени одлуката.

Винисиус сакаше да ја шутне топката, Јамал ја подметна ногата по што доби удар од фудбалерот на Реал Мадрид.

Судијата најпрво виде пенал, а потоа по прегледувањето на снимката досуди фаул за Барселона.

Ваквата одлука предизвика полемики на социјалните мрежи.