Киеза го напушта Јувентус и се сели во гигант од Милано

Јувентус ќе влезе во сезоната со новиот тренер Тијаго Мота, кој реши да направи големи промени во екипата и во следниот период треба да се раздели со голем број фудбалери.

Еден од играчите кои немаат место во составот на Мота е Федерико Киеза, за чии услуги интерес покажа Интер.

Гигантот од Милано е подготвен да понуди сума од 15-20 милиони евра која е прифатлива за екипата од Торино.