Јувентус со амбициозен план да го „украде“ Мбапе пред Реал Мадрид

Килијан Мбапе е иден освојувач на „Златната топка“, тука нема никакви дилеми. Иако има само 20 години Французинот веќе покажува дека наскоро ќе биде најдобриот светски фудбалер. 

ПСЖ за него плати 180 милиони евра за да го доведе од Монако, но ќе има сериозни проблеми да го задржи во својот клуб, бидејќи Реал Мадрид подготвува рекорден трансфер од 300 милиони евра.

Италијанскиот весник „Тутоспорт“, објавува дека и Јувентус влегува во трка за потписот на Мбапе. Италијанскиот гигант верува дека Французинот може да го наследи Кристијано Роналдо како предводник и прва ѕвезда на тимот. 

Засега не е јасно дали Јувентус има финансии да влезе во една ваква трансфер-борба со Реал Мадрид, а на крајот на краиштата тука се прашува и ПСЖ, кој не е воопшто расположен да се раздели со фудбалерот.