
„Јувентус плаќа милион евра месечно за напаѓач кој не знае да смири топка“
Сега, критики за Влаховиќ изнесе поранешниот тренер во Серија А, Џовани Галеоне кој во италијанскиот фудбал работеше во 80-тите години.
„За Јувентус имам да го кажам само ова: Даваат милион евра нето месечно на Влаховиќ, можеби единствениот словенски играч, а јас ги обожавам веќе 80 години, кој не знае да прими топка. Едноставно не може. Ќе видиме дали нешто ќе се промени со доаѓањето на Тудор“, изјави Галеоне.
Во последниот период Влаховиќ беше резервна опција за Мота и предност добиваше Рендал Коло-Муани кој во тимот пристигна во јануарскиот преоден рок.