Во 59. минута фудбалот застана во Битола, минута аплауз за жртвите од Кочани!

Сите присутни на големото дерби меѓу Пелистер и Вардар во 59. минута им оддадоа почит на настраданите од големиот пожар кој се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Ужасната трагедија зема 59 жртви, претежно деца, поради тоа во 59. минута публиката на стадионот во Битола почна минутен аплауз, а запреа и фудбалерите на Вардар и Плестер кои исто така се приклучија на аплаузот.

„Ги испивме чашите, се собравме другарите, но невозможно е сега да не ве жалиме“, беше пораката од Чкемабри во тој момент.